
КОШАРКАРИТЕ од Оклахома Сити Тандер се пласираа во финалето на Западната конференција на плејофот за шампиони на НБА лигата, совладувајќи ги во одлучувачкиот, седми натпревар екипата на Денвер Нагетс со резултат 125:93.
За пласман во големото финале на НБА лигата ќе се борат против Минесота Тимбервулвс.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шеј Гилџис-Александар беше лидер на стрелците на Оклахома со 35 поени. Џејлен Вилијамс со 24 поени имаше седум асистенции.
Секако, големи заслуги за убедливата победа на домашниот тим има Алекс Карусо, кој со својот голем одбранбен придонес во ограничувањето на ефективноста на Никола Јокиќ, вметна 11 поени и имаше по три украдени топки и три асистенции.