Дома Фудбал Човекот кој му ја „украде“ титулата на Ферги, сега ќе го враќа Манчестер Јунајтед на врвот!

Човекот кој му ја „украде“ титулата на Ферги, сега ќе го враќа Манчестер Јунајтед на врвот!

Манчестер Јунајтед продолжува со промените, со што Дејсон Вилкокс конечно е официјално назначен за спортски директор на клубот.

Поранешниот фудбалер на Блекбурн, Лидс, Лестер и репрезентативец на Англија се приклучи на клубот во 2024. Прво беше избран за технички директор, но веќе од декември ги извршуваше задачите на спортски директор. Сега овој статус е конечно официјализиран.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вилкокс има интересна фудбалска историја. Поголемиот дел од кариерата мина во Блекбурн, каде што во 1995 година изненадувачки ја освои титулата, токму за време на големата доминација на Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон. Во ерата од 1993 до 1997 година, кога Јунајтед освои четири титули, само во 1995 не беа шампиони на Премиер лигата.

По завршувањето на играчката кариера, Вилкокс четири години работел како тренер во младинските категории на Манчестер Сити, градскиот ривал на Јунајтед. Од април 2024 година е дел од Олд Трафорд.

Од декември практично ги извршуваше задачите на спортски директор, а сега таа функција е и формално признаена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легенда на Баерн порач: Ако треба да бирам, секогаш би го избрал Левандовски пред Кејн“

Легендата на Баерн и еден од најдобрите средни играчи во историјата на овој тим, Марио Бас…