
Челзи потроши голема количина на пари ова лето, пред сè за засилување на напаѓачкиот дел од тимот .
Сепак, сега Фудбалската асоцијација (ФА) ги обвини дека прекршиле голем број правила во периодот од 2009 до 2022 година и би можеле да се соочат со сериозен проблем.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сето е најмногу фокусирано на трансферите во периодот меѓу 2010 и 2016 година, но тоа не ги загрижува премногу „Сините“.
Имено, Енцо Мареска веќе започна преговори со тројца играчи кои сака да ги доведе во својот тим во јануари.
„Станува збор за тоа дека Мареска сака да ја доведе ѕвездата на Астон Вила, Морган Роџерс, и тој е главна цел за следниот преоден рок. Многу се заинтересирани и тоа не е никаква тајна, а бил на нивниот радар и за време на летото“, пишуваат новинарите на „Код офсајд“.
Роџерс многу брзо стана многу барана фудбалска фигура, а секако за тоа се „виновни“ одличните настапи кои ги покажува на теренот.
Сепак, тој има договор со Астон Вила уште пет години, што значи дека тимот од Вила Парк би можел многу добро да заработи.
Ќе се обидат прво да го задржат, но и продажбата не би била лоша опција бидејќи би заработиле многу пари.
Освен Роџерс, Челзи сака да ги доведе и Кенан Јилдиз од Јувентус, како и Малицк Фофана од Лион.