Дома Фудбал Челзи ќе плаќа пенали пред да го задржи Џејдон Санчо

Челзи ќе плаќа пенали пред да го задржи Џејдон Санчо

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо нема да остане во Челзи по истекот на едногодишната заемна соработка со лондонскиот клуб.

Двократниот европски шампион не успеа да постигне договор со крилниот играч за траен трансфер, па Санчо ќе се врати во Манчестер Јунајтед.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Кога Санчо пристигна на Стамфорд Бриџ, во договорот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи беше вклучена клаузула за задолжителна купопродажба.

Цената беше 25 милиони фунти, под услов “Сините” сезоната да ја завршат на 14. или подобра позиција во Премиер лигата.

Екипата предводена од Енцо Мареска ја заврши сезоната со освојување на трофејот од УЕФА Конференциската лига, а благодарение на исходот од англиското првенство, обезбедија учество во Лигата на шампионите.

Иако Санчо имаше свои моменти во дресот на “Сините”, не успеа да постигне континуитет во добрата игра. Зимскиот период беше особено проблематичен, иако поранешниот играч на Борусија Дортмунд блесна во финалето на Конференциската лига постигнувајќи спектакуларен гол против Бетис.

Челниците на Челзи седнаа на преговарачка маса со 25-годишниот играч и неговиот агент, но без постигнување договор. Целта беше да се усогласат деталите од договорот за да се постигне согласност за откупот.

Сепак, Санчо не беше подготвен да се согласи на намалување на платата, и така целиот трансфер пропадна.

Манчестер Јунајтед нема да ја добие очекуваната сума преку клаузулата за откуп, но ќе инкасира 5 милиони евра како пенал затоа што Челзи не ја реализираше купопродажбата на Санчо – со враќањето на самиот играч.

Санчо во дресот на клубот од западен Лондон одигра значајна улога, завршувајќи ја сезоната со 5 голови и 10 асистенции во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…