Дома Фудбал Челси ќе му плати на Јунајтед за да го врати Санчо на „Олд Трафорд“?!

Челси ќе му плати на Јунајтед за да го врати Санчо на „Олд Трафорд“?!

Фудбалскиот клуб Челси не сака да го откупи Џејдон Санчо, но во тој случај ќе мора да плати на Манчестер Јунајтед.

Како што открија англиските медиуми, Челси и Јунајтед летово склучиле договор според кој лондонскиот клуб има обврска да го откупи Санчо летото 2025 година за 25 милиони фунти, односно околу 30 милиони евра.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Сепак, доколку Челси се откаже од откупот, тогаш мора да плати на Јунајтед за прекршена клаузула и тоа во износ од пет милиони фунти (шест милиони евра). 

Санчо не остави впечаток откако пристигна на „Стамфорд Бриџ“, има шест асистенции на 29 натпревари, а вториот од двата своја гола го даде на 8 декември против Тотенхем. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Ќе останам најголем во историјата на Челси сè додека некој не освои четири титули

Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Жозе Мурињо, изјави дека секогаш ќе биде дел од Челси …