Дома Фудбал Челси со ново засилување, договор на седум години!

Челси со ново засилување, договор на седум години!

Ново засилување за Челси.

“Сините” од сезоната 2026-27 ќе бидат побогати за уште еден напаѓач, станува збор за фудбалер кој ќе го носи дресот на Стразбур до крајот на оваа сезона – Емануел Емега.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што знаете, преодниот рок заврши за најсилните лиги во светот, но Челси беше буден и по полноќ и ја заврши работата со 22-годишниот член на тимот од францускиот шампионат.

Емега е капитен на Стразбур и успеа да биде еден од најважните играчи во борбата на овој тим за пласман во Европа, кој на крајот и беше обезбеден.

Постигна 23 гола во 57 настапи.

Инаку, добро е позната соработката помеѓу овие два клуба, Челси испрати двајца играчи на позајмица во Стразбур летово (Мајк Пендерс и Кендри Паез), а Мамаду Сар прво пристигна во Челси, а потоа беше вратен на позајмица во овој клуб.

Договорот е потпишан на седум години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…