
Челси е подготвен да понуди 58 милиони евра за играчот од средниот ред на Барселона Фермин Лопес (22). Иако Чави Симонс (22) од РБ Лајпциг првично беше примарна цел на лондонскиот клуб, новите информации сугерираат дека Лопес размислува да премине на Стамфорд Бриџ, пишува The Sun.
Според англиските медиуми, Челси е силно заинтересиран за овој талентиран фудбалер, но Барселона не сака да се откаже од него. Каталонскиот клуб верува дека Лопес вреди повеќе од понудените 58 милиони евра. Сепак, негова продажба би можела да ѝ помогне на Барса да ги постигне финансиските критериуми, особено по регистрацијата на напаѓачот Маркус Рашфорд.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Договорот на Фермин со Барселона трае до 2029 година, со клаузула за откуп од 500 милиони евра и годишна плата од шест милиони евра. Според информациите од The Sun, Челси е подготвен да му понуди “огромна плата” од 15 милиони евра годишно, со што би станал еден од најплатените во Челси.
Лопес може да игра на левата страна или во средината на средниот ред во поофанзива улога, што го прави сличен на Симонс. Тој е единствениот играч покрај Лионел Меси што во една натпревар за Барселона постигнал и асистирал за два или повеќе голови.
Минатата сезона, во која Барселона ја освои титулата запиша осум гола и десет асистенции. Во Барселона, се бори за позиција со играчи како Дани Олмо, Гави, Педри, а дури и Рафинја и Маркус Рашфорд на левата страна.
Претходно во преодниот период, производот на Ла Масиа ги уверуваше фановите на Барселона дека нема да го напушти клубот. “Навивачите на Барселона можат да бидат мирни бидејќи ќе останам тука. Нема да ја напуштам Барса”, изјави тој тогаш.
Меѓутоа, шпанскиот Sport сега јавува дека Лопес сериозно ја разгледува опцијата за Челси поради издашната понудена плата, неизвесниот статус во првата постава и личните повици од тренерот Енцо Мареска. Спорт додава дека понуда од околу 70 милиони евра би можела да ја принуди Барселона да го продаде.