Дома Фудбал Челси ја продава младата надеж во Саудиска Арабија: Ќе заработи 68 милиони евра?

Челси ја продава младата надеж во Саудиска Арабија: Ќе заработи 68 милиони евра?

Во повеќето европски лиги летниот трансфер период веќе заврши, но на Блискиот Исток продолжува, пa се очекуваат уште трансфери пред да се заврши целосно. Челзи ова лето се насочи кон сериозно засилувања на тимот за да ги оствари поставените цели за тековната сезона.

На Стемфорд Бриџ ова лето пристигнаа Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Гитенс. Иако дел од трансфер периодот за купување на играчи во Англија е затворен, англиските клубови сè уште имаат можност за продажба. Според ексклузивните информации на англиските медиуми, конкретно Mirror, младиот играч за врска на Челзи Андреј Сантос (21) е цел на интерес од Саудиски клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според овој извор, Ал Кадсиа од Саудиска Арабија понудила 68 милиони евра за Бразилецот. Сантос минатата сезона ја помина на позајмица во францускиот Стразбур каде што постигна 12 голови и оствари пет асистенции, а воедно стана и член на репрезентацијата на Бразил.

Иако Сантос се смета за голем потенцијал, тој не е стандарден дел од првата постава, бидејќи предност имаат Мојсес Каиседо и Енцо Фернандез. Оваа ситуација може да ја направи тешка за управата на лондонскиот клуб да одбие толку висока понуда од клубот на Блискиот Исток.

Сантос ја започна својата кариера во Васко да Гама, од каде што се пресели во Челзи. Првата сезона ја помина како позајмен во Васко, потоа следеше позајмица во Нотингем Форест, и споменатата во Стразбур. Во Франција, тој беше меѓу најсигурните и највпечатливите играчи на Стразбур, со што го привлече дополнителното внимание.

Фото: Челзи ФК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ остана „осакатен“ за време на репрезентативната пауза – загуби две ѕвезди!

Репрезентативната пауза се покажа како најскапа за Пари Сен Жермен. Францускиот шампион ос…