Дома Фудбал Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Челси ги отпиша играчите за кои плати повеќе од 100 милиони евра

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, потврди дека Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се дел од првиот тим. Италијанскиот стручњак изјави дека двајцата тренираат одделно од преостанатиот тим и дека нема да бидат вратени во составот.

Челси во овие двајца играчи вложи над 100 милиони евра, но сега се потполно отпишани од плановите на новиот тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рахим Стерлинг дојде во Челси во 2022 година од Манчестер Сити за 56 милиони евра. За време на својот престој на Стамфорд Бриџ одигра 81 натпревар, постигна 19 голови и забележа 15 асистенции, но никогаш не ги исполни високите очекувања. Минатата сезона ја помина на позајмица во Арсенал.

Аксел Дисаси дојде во Челси една година подоцна, во 2023, од Монако за 45 милиони евра. Беше донесен за да ја зајакне одбраната, но не успеа да се наметне. За клубот има освоено 61 настап, постигна 5 голови и додаде 2 асистенции. Минатата сезона ја мина на позајмица во Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ги предаде сите документи – се чека одлука од општината.

Враќањето на Барселона на „Спотифај Камп Ноу“ стана реалност, откако тимот се соочи со Атл…