
Легендата на шпанскиот фудбал, поранешен челник на Фудбалскиот сојуз на оваа земја и вршител на должност претседател на УЕФА, 75-годишниот Анхел Марија Вилар, се соочува со околу 15 години затвор заради корупција.
Како што пренесува мадридската Марка шпанските обвинители побарале 15,5 години затвор за Анхел Марија Вилар, поранешен претседател на Шпанската фудбалска федерација (RFEF).
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Вилар е обвинет за злоупотреба на службената положба, корупција и проневера меѓу 2007 и 2017 година. Шпанската федерација во тој период била оштетена за скоро пет милиони евра. Вилар ја користел својата функција за да добие профитабилни договори во интерес на својот син Горка Вилар.
Како претседател на RFEF Анхел Марија Вилар склучувал договори со фудбалски федерации на други земји за организирање на пријателски натпревари со репрезентацијата на Шпанија. Истовремено, неговиот син Горка преку својата компанија ги избирал противниците и условите на натпреварите, што предизвикало финансиска штета на Фудбалската федерација.
Одделот за борба против корупција поднел обвинение против осум обвинети во тој случај, меѓу кои и 49-годишниот Горка Вилар. Истражувањето за него бара седум години затвор. Меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на RFEF, 89-годишниот Хуан Падрон Моралес, за кого истражителите бараат шест и пол години затвор.