Дома Фудбал Чалханолгу пред заминување од Интер: Сакам да се вратам дома!

Чалханолгу пред заминување од Интер: Сакам да се вратам дома!

Хакан Чалханоглу може да го напушти Интер ова лето.

Турскиот репрезентативец и играч на Интер изрази желба да го напушти клубот и да ја продолжи својата кариера во татковината, а Галатасарај е тимот кој гори од желба да го види во своите редови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Се приклучив на клубот без обештетување пред четири години и дадов сè од себе. Сакам да ја продолжам мојата кариера во Галатасарај и се надевам дека ќе ме разберете. Пуштете ме да се вратам дома,” изјави Хакан Чалханоглу пред раководството на Интер, според информациите на “Сабахспор”.

Чалханоглу има договор со Интер до 2027 година.

Интер планира уште засилувања на средината од теренот, по ангажирањето на Петар Сучиќ, се бара уште еден играч, можеби тоа ќе биде Николо Ровела од Лацио кој бара 50 милиони евра.

Има и еден интересен детаљ, фризерот на Хакан Чалханоглу сподели фотографија со ѕвездата на Интер и напиша: “Дали конечно се случува?”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона најавува тужба против ФИФА поради Рафиња

Барселона се подготвува да преземе правни чекори против ФИФА поради сериозната повреда на …