
ЧАБИ АЛОНСО (44) се одмора откако Реал го отпушти во јануари по 34 одиграни натпревари во кои забележа 24 победи, четири нерешени и шест порази. Неговиот престој како главен тренер на „кралевите“ беше карактеризиран со тензии со неколку од најголемите ѕвезди на клубот, меѓу кои и Винициус Жуниор.
Можноста за негово враќање како тренер може да се појави наскоро, но шпанскиот стручњак не планира веднаш да прифати било која понуда. Сепак, особено е интересен повикот од Ливерпул, каде со нетрпение го очекуваат, пишува As во написот со наслов: “Шаби Алонсо примил прв повик од Ливерпул.”
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова не е прв пат Ливерпул да пројави интерес. Алонсо пролетта во 2024 година веќе го одбил Ливерпул и Баерн, сметајќи дека е подобро да продолжи да работи во Баер Леверкузен.
Сега трпеливо чека пред да ја донесе одлуката, но веќе знае дека на „Енфилд“ ќе биде топло пречекан. Англискиот клуб смета на него како потенцијално решение за иднината, можеби веќе за сезоната 2026/27, што е вест што го израдува шпанскиот тренер, тврди АС.