Дома Фудбал Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливерпул. Сега тој доаѓа како главен тренер на Реал Мадрид за дуел од Лигата на шампионите во вторник вечерта.

Враќањето на “Енфилд” и емоциите од тоа
Секогаш е убаво да се вратиме на место каде што те сакале толку многу. Се обидувам емоциите да не ме совладаат. Да не влијаат на подготовката… што треба да се случи, нека се случи. Да се дистанцирам од емоционалноста на овие натпревари е важно, за да можам да останам концентриран на тоа што треба да го направам.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Скандалот со Винисиус во Ел Класико
За мене беше важно да разговараме за тоа и прашањето беше затворено. Вакви работи можат да се случат, но не сакаме да се повторуваат. Сè си остана таму.

Флориан Виртц
За него ова е голема промена — да дојде тука после толку години во Германија. Треба да се адаптира, но е многу посебен играч… и можеби ова е една од причините поради кои сум тука. Се надевам дека тоа нема да биде утре, но наскоро ќе може да ја покаже својата класа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид и Аталанта го објавија трансферот на Луукман

Атлетико Мадрид и Аталанта ја завршија зделката според која Адемола Луукман преминува од и…