
Џонатан Та и понатаму е голема желба на Барселона, но и на Реал Мадрид.
Чаби Алонсо планира веќе големи промени во тимот на Реал, кој ќе го преземе од Карло Анчелоти ова лето, а намерата му е да го поведе 29-годишниот Германец со себе.
Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Та станува слободен играч и одамна потврди дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен и дека сака да премине во поголем клуб. Барселона беше на пол позиција од зимоска, но Каталонците одолговлекуваа поради сè подобрите игри на Ерик Гарсија, кој ја врати довербата на Ханси Флик.
Позицијата стопер е прилично добро покриена, бидејќи тука се и Пау Кубарси, Ињиго Мартинез, Роналд Араухо, како и рехабилитираниот Андреас Кристенсен, но се очекува Данецот да биде продаден летово.
Та би имал конкуренција, но и минутажа во Реал Мадрид, особено поради тешките повреди на Едер Милитао и Давид Алаба, а сега е опериран и Антонио Ридигер.
Флорентино Перес сака да ја зајакне одбраната, Вилијам Салиба е неговата најголема желба, но недостижен ова лето, така што Та може да биде добра и бесплатна опција, особено што имаше одлична соработка со Ќаби Алонсо…