Дома Фудбал Чаби Алонсо блиску до враќање на тренерската работа и тоа каде!

Чаби Алонсо блиску до враќање на тренерската работа и тоа каде!

Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид по само шест месеци. Овој одличен стратег доби отказ поради неколку слаби резултати, но по оваа вест многу клубови покажаа интерес да го ангажираат. Алонсо најавува враќање на тренерската позиција во текот на летото.

По неуспешната епизода во Реал Мадрид која траеше кратко, само шест месеци, Алонсо се подготвува за новиот предизвик. Тој планира да започне нов проект следното лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На неговата маса се наоѓаат многу понуди, и тој ќе треба да одлучи која ќе ја прифати во наредниот период.

За оваа тема се изјасни и познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Тој истакнува дека Шпанецот е подготвен за големото враќање.

“Алонсо планира да се врати во лето 2026. Нема да прави подолга пауза. Сака да работи и сѐ уште се смета за врвен тренер, а многу клубови веќе подготвуваат договори,” вели Романо и додава:

“Најдобрите тимови во Европа покажуваат огромен интерес за Алонсо. Не им е важно неговото разочарувачко искуство во Реал Мадрид. На 44 години, тој е сѐ уште млад и пред него е долга кариера.”

Се верува дека Алонсо би можел да замине во англиската Премиер лига. Ливерпул и Манчестер Сити се клубовите кои го поврзуваат со него.

“Алонсо е на врвот на листата кај двата клуба. Тој ќе има конечен збор. Свесен е што ќе има врвни понуди и сака да ги разгледа спокојно.”

“Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт веќе му се јавија. Меѓутоа, тој реши да го почека новиот проект и сака да почне на ново следната сезона,” пренесуваат извори од Шпанија.

Ливерпул е засега главниот фаворит за ангажирање на Алонсо. Претходно го посакуваа на менаџерската позиција, но тој одлучи да го почека Реал и тоа се покажа како голема грешка.

Наместо него дојде Арне Слот. Минатата сезона Холанѓанецот го предводеше тимот до титулата во Англија, но оваа сезона е катастрофална и неговото место е на удар.

Исто така, Манчестер Сити сериозно размислува да го доведе Алонсо на местото од Пеп Гвардиола. Ерата Пеп се ближи кон крајот, а можно е и раскинување на договорот по завршување на оваа сезона.

Алонсо, да потсетиме, имаше извонреден успех со Баер Леверкузен. Го освои првенството и купот во Германија и го симна Баерн од врвот.

Потоа, и покрај интересот на Баерн и Ливерпул, реши да го чека повикот од Реал, што се покажа како исклучително лоша одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова повреда во Арсенал му прави главоболки на Артета

Германскиот репрезентативец Каи Хаверц се соочува со нов здравствен проблем, откако „Атлет…