Дома Македонски спорт Business Run 2021 – Комерцијална Банка по трет пат најбрза во македонскиот бизнис

Business Run 2021 – Комерцијална Банка по трет пат најбрза во македонскиот бизнис

Викендов се одржа штафетната трка на македонската општествено-деловна заедница во која повтроно најбрз беше тимот на Комерцијална Банка од Скопје, составен од Миомир Алексовски, Снежана Димовска, Маријан Шамоски и Бобан Нефовски.

На патеката на кејот на Вардар, кај хотелот Парк во Скопје се одржа штафетната трка со 4 измени по 2 километри во која учествуваа 60 тимови од македонскиот бизнис сектор. Првото место го освои тимот на Комерцијална Банка, втор беше тимот на Ендава, а третото место му припадна на тимот на Унибанка.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Николина Милевска од тимот на Ендава кај жените и Миомир Алексовски од Комерцијална Банка кај мажите.

Ова беше шесто издание на трката, во кое Комерцијална Банка по трет пат го имаше најбрзиот тим меѓу претставниците на македонскиот бизнис сектор.

Трката ја организираше здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…