Дома Фудбал Бунт на „Олд Трафорд“: Незадоволна група фудбалери му го врти грбот на Аморим

Бунт на „Олд Трафорд“: Незадоволна група фудбалери му го врти грбот на Аморим

Голем број од најголемите ѕвезди во тимот на Манчестер Јунајтед се загрижени поради Рубен Аморим и неговите тактики за натпреварите.

Според тврдењата на англиските медиуми, дури и некои победи на Манчестер Јунајтед не се благодарение на тренерот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Откако Аморим пристигна во Манчестер Јунајтед, овој клуб оствари девет победи, три нерешени и девет порази.

Се очекуваше дека неговото доаѓање ќе донесе пресврт во сезоната, но тоа не се случи и оваа екипа се наоѓа на 15. место на табелата, а неодамна загубија со 0-1 на гостувањето кај Тотенхем.

Штом дојде на клупата на Манчестер Јунајтед, Аморим започна со наметнување на неговата формација 3-4-2-1 иако нема фудбалери за тој систем на игра.

Како што тврдат новинарите на „Дејли Мејл“, ѕвездите на Манчестер Јунајтед одржаа внатрешна средба за да ги решат проблемите кои ги имаат и поради кои играат лошо.

На крајот од средбата, беше заклучено дека Аморим треба да покаже повеќе флексибилност во неговиот пристап, како и во неговите тактики.

Играчите од ден на ден ја губат вербата во Рубен Аморим и неговиот начин на водство на клубот, а тоа е јасно проблем за сите, особено за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи објави важен потпис

Наполи го објави продолжувањето на договорот со голманот Алекс Мерет. Новиот договор е вал…