Од следното коло, Бундеслигата воведува големи промени, кои се однесуваат на судиите и нивните одлуки.
Имено, германскиот сојуз донесе одлука од 20-тото коло на Бундеслигата и 2. Бундеслига да се воведе пилот проект според кој судиите ќе ги објаснуваат одредени одлуки кои ќе ги донесат за време на натпреварот преку звучници.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Германија не е прва која го воведе ваквиот вид на транспарентност во судиските одлуки. Тоа го направи и Англија.
Кога ќе се применува новото правило? Ќе се применува секој пат кога главниот судија ќе биде повикан и ќе замине самиот да ја гледа ВАР ситуацијата поради спорен момент. Во тој момент, судијата ќе ги извести гледачите за својата конечна одлука и зошто ја донел.
Со овој предлог веднаш се согласија девет клуба од првата и втората лига, па од следното коло веќе ќе се употребува на тие стадиони. Клубовите кои ја поддржаа одлуката и се приклучија на пилот проектот се Баерн, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт, Фрајбург, Бајер Леверкузен и Лајпциг од Бундеслигата, а Фортуна Дизелдорф, Гројтер Фирт и Занкт Паули од популарната „Цвајте“.
Значи, на натпреварите помеѓу Баерн и Холштајн Кил, Занкт Паули и Аугсбург, Ајнтрахт и Волфсбург, Леверкузен и Хофенхајм, како и Фортуна Дизелдорф и Улм, првпат во Германија ќе биде применето ова правило.