Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон имаше можност да игра покрај големи фудбалски ѕвезди, а меѓу нив и Нејмар.
актуелниот директор на националниот тим даде големо интервју за „Кориере дела Сера“ каде зборуваше за многу теми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Играв со три генерации на фудбалери. Како да изберам, тука меѓу другите беа и Зидан, Роналдо, Меси, Иниеста, Кристијано. Мислам дека Нејмар беше најдобар и требаше да освои пет „Златни топки“ поради тоа каков фудбалер и личност е“, изјави Буфон, а потоа зборуваше за најдобрите тимови.
„Барселона во 2015 година и Реал Мадрид во 2017 година. Тие беа најдобрите тимови во последните 20 години. И Милан на Шевченко, од кого загубив во финалето во Лигата на шампионите во 2003 година“.