Дома Фудбал Италија Буфон: Бев зависник од обложување, патев и од депресија

Буфон: Бев зависник од обложување, патев и од депресија

Славниот голман и легенда на Јувентус, Џанлуиџи Буфон во своето последно интервју призна дека си создал зависност од коцкање, меѓутоа како што вели не направил ништо спротивно од законот.

Буфон кој денес е член на стручниот штаб на репрезентацијата на Италија призна дека обложувањето за него било адреналин, но тоа го правел само на кошарка и тенис, никогаш не се обложувал на фудбал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За одредени луѓе тоа е порок, за мене е адреналин. Во едно сум сигурен, никогаш не сум направил ништо противзаконски. Всушност никогаш не сум бил под истрага, ниту пак сум добил опомена. Се обложував само на кошарка и тенис, никогаш на фусбал“, изјави Буфон.

Италијанската легенда откри и дека одреден период се борел со депресијата.

„Одбивав лекови, а ми беа потребни. Се плашев да не ми створат зависност. Одев на доктор само три или четири пати, но ми даде вреден совет: Негувај ги своите интереси, немој да се фокусираш само на фудбалот. Тогаш го открив сликањето“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Замена без преседан: Флорентино го нуди Винисиус во замена за ѕвезда на ПСЖ

Реал Мадрид повторно ја потресе фудбалската јавност низ цела Европа. Овој пат не станува з…