Дома Фудбал Брозовиќ пред одлука: Добил голема понуда!

Брозовиќ пред одлука: Добил голема понуда!

Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ (32) е на прагот да замине од Ал-Наср, иако неговиот договор е валиден до јуни 2026 година. Изгледа дека неговата авантура во овој клуб е речиси завршена.

Се зборуваше за негово враќање во Европа, со оглед на тоа што неколку клубови покажаа интерес, но тоа може брзо да се промени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дополнителен интерес за Брозовиќ покажуваат уште два клуба од Саудиска Арабија – Ал Хилал и Ал Шабаб.

Според гласини, Ал Хилал е подготвен да му понуди услови кои би биле двојно подобри од тие во Ал-Наср.

Станува збор за значително повисока плата, иако конкретните бројки сè уште не се јавно познати.

Ал Шабаб, исто така, планира да даде конкурентна понуда, но веројатно не толку привлечна како таа на Ал Хилал.

Иако формата на Хрватот опаѓаше откако се пресели во Саудиска Арабија пред две години, интересот за него не исчезна.

Турскиот Трабзонспор беше најзвучниот кандидат за неговиот трансфер, но и од тоа не излезе ништо..

Со оглед на неговите квалитети, сигурно е дека Брозовиќ нема да има проблем да најде нова средина. Тој е играч со искуство од Интер и 99 натпревари за хрватската репрезентација.

Фото: Al Nassr/FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл за крај. Меси постигна два гола во последниот меч во Аргентина

АРГЕНТИНА ја совлада Венецуела со 3:0 во квалификациите за Светското првенство, а Лионел М…