Дома Фудбал Бројките најавуваат: Го имаме главниот фаворит за „Златната топка“!

Бројките најавуваат: Го имаме главниот фаворит за „Златната топка“!

Капитенот и универзалацот на Барса Рафиња одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампиони.

Рафиња малку себично украде гол од Кубарси, каде што можеше да биде и поништен, но потоа несебично и маестрално асистираше за Левандовски и Јамал. 

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Рафиња достигна неколку неверојатни бројки, прво, во вкупниот збир достигна до 50 гола и асистенции во сите натпреварувања, односно постигна 28 голови и 22 асистенции. 

За споредба, Винисиус Жуниор во својата најдобра сезона 2023/24 постигна 25 и асистираше 12 пати, што значи имаше за 13 помалку гола и асистенции (Г+A) од Рафиња Сепак, ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите, но и Рафиња тежнее кон “триплета” или барем двојна круна во Шпанија. Според индивидуалните бројки, па дури и влијанието во клучните натпревари, го остави Винисиус во “прашина” во оваа трка. 

Да одиме понатаму, Рафиња е најдобар стрелец и асистент во Лигата на шампионите, постигна 12 голови и запиша седум асистенции. Со вкупен скор од 19 гола и асистенции (Г+A) израмни рекорд на Лионел Меси, кој во сезоната 2011/12 исто така имаше таков скор, но ги распредели со 14 голови и пет асистенции. Пред Рафинња е само Кристијано Роналдо, кој во сезоната 2013/14 имаше 22 гола и асистенции (Г+A), односно 17 голови и пет асистенции. 

Ако се земе предвид дека Мо Салах испадна од трката за “Златната топка” поради рани елиминации најпрво од Лигата на шампионите, па и ФА купот и поразот во финалето на Лига купот, и дека Рафиња во директни пресметки во борбата за трофеи во Шпанија може да го победи Килијан Ембапе, дали моментално Бразилецот е главен кандидат за “Златната топка”?

Или можеби сè може да расипе Усман Дембеле, под услов да ја освои Лигата на шампиони, бидејќи кај француските клубови помалку се вреднуваат само домашните трофеи?

Сепак, Дембеле е на бројка 41 гола и асистенции (Г+A), со 32 голови и 9 асистенции, додека во Лигата на шампионите заостанува со 10 гола и асистенции (Г+A) позади Рафиња со седум голови и две асистенции…

Фото: FC Barcelona
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Менaџерот на Њукасл заврши во болница, нема да го води тимот против Јунајтед

Менaџерот на Њукасл, Еди Хау, итно беше примен во болница во петокот вечерта откако неколк…