
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи на крајот од минатата година да го ангажира Енди Мареј како тренер, но изгледа дека на Островот тоа многумина сѐ уште не го прифатија. Добро е познато дека Ѓоковиќ никогаш не бил особено омилен во Велика Британија.
Истото се случи и по Австралија Опен, каде Ѓоковиќ мораше да се предаде во полуфиналето, а посебно по Доха и Индијан Велс. Дури британскиот таблоид „Експрес“ објави анкета во која ги праша своите читатели дали е време Мареј да го напушти Ѓоковиќ и гласовите на мнозинството покажуваат дека го поддржуваат тоа мислење.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Во текстот со интересен наслов „Енди Мареј е советуван да го напушти Новак Ѓоковиќ поради британски играч по продолжувањето на партнерството“, дури 48 проценти од читателите на споменатиот таблоид од Островот истакнале дека би сакале повеќе да го видат Мареј да го тренира Џек Дрејпер, најдобриот Британец и новиот освојувач на Индијан Велс.