Некогашниот британски боксер, Пол Батлин, изјави дека борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол беше „местенка“.
Кога ќе се спомене Пол Батлин, многу љубители на боксот можеби нема да знаат за кого станува збор, но вистинските ентузијасти сигурно го знаат.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Станува збор за британски боксер кој се бореше во тешка категорија од 2002 до 2016 година.
Во тој период оствари 16 победи, 24 порази и еден нерешен исход. Сега има 48 години и за време на својата кариера имаше борби со Ентони Џошуа и Дерек Чисора, борци кои целиот свет ги познава, а Чисора еднаш истакна дека никој не го удрил како Батлин.
Пол Батлин сега работи како судски извршител, а неговиот „Тик-Ток“ канал има преку 40.000 следбеници бидејќи постојано зборува за реалноста на светот на боксот, табу теми и мрачните нешта за кои никој не сака да зборува. За познатата борба меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол рече:
„Борбата беше местенка. Ја гледав, беше целосна глупост. Пол едвај го погодуваше, а Тајсон ако сакаше можеше да го нокаутира во било кој момент. Сè беше лага“, порача Батлин.