Дома Фудбал Останато Британец го обвини Тајсон: Борбата беше наместена, сè е лага!

Британец го обвини Тајсон: Борбата беше наместена, сè е лага!

Некогашниот британски боксер, Пол Батлин, изјави дека борбата меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол беше „местенка“.

Кога ќе се спомене Пол Батлин, многу љубители на боксот можеби нема да знаат за кого станува збор, но вистинските ентузијасти сигурно го знаат.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Станува збор за британски боксер кој се бореше во тешка категорија од 2002 до 2016 година.

Во тој период оствари 16 победи, 24 порази и еден нерешен исход. Сега има 48 години и за време на својата кариера имаше борби со Ентони Џошуа и Дерек Чисора, борци кои целиот свет ги познава, а Чисора еднаш истакна дека никој не го удрил како Батлин.

Пол Батлин сега работи како судски извршител, а неговиот „Тик-Ток“ канал има преку 40.000 следбеници бидејќи постојано зборува за реалноста на светот на боксот, табу теми и мрачните нешта за кои никој не сака да зборува. За познатата борба меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол рече:

„Борбата беше местенка. Ја гледав, беше целосна глупост. Пол едвај го погодуваше, а Тајсон ако сакаше можеше да го нокаутира во било кој момент. Сè беше лага“, порача Батлин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спортисти масовно ги враќаат олимписките медали освоени во Париз

Олимписките игри во Париз летово завршија што се однесува на натпреварувањата, но овие ден…