Дома Фудбал Бразилец постигна спектакуларен гол – во стилот на Ибрахимовиќ го воодушеви фудбалскиот свет (Видео)

Бразилец постигна спектакуларен гол – во стилот на Ибрахимовиќ го воодушеви фудбалскиот свет (Видео)

Еден од најдобрите голови во 2025 година беше постигнат синоќа, а автор е бразилскиот дефанзивец Матеус Дориа кој во триумфот на Атлас против Тихуана постигна неверојатен гол.

Имено, Дориа во 61. минута од средбата постигна гол со шкорпион удар и го воодушеви фудбалскиот свет, станувајќи легитимен кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“, која се доделува на авторот на најдобриот гол во годината.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Да додадеме дека неговиот гол го поттикна Атлас, кој до тогаш губеше со дури 3-0, но на крајот за 30 минути постигна четири гола и победи со 4-3.

Стрелците за домашните беа Хозе Зунига, Џојан Хулио и Алан Вега, додека за гостите освен Дориа, три гола постигна и Урош Ѓурѓевиќ.

Да нагласиме дека ова беше вториот гол за Дориа во 28-та одиграна натпревар за мексиканскиот тим оваа сезона.

Претходно играше за Ботафого, Марсеј, Гранада, Малатјаспор, Сантос Лагуна и Атлас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мота се поблиску до отказ: Јувентус има двајца кандидати за негов наследник

Раководството на Јувентус губи трпеливост и планира замена на Тијаго Мота наскоро, со што …