Дома Фудбал Браќата шампиони: Кевин и Алексис Мек Алистер

Браќата шампиони: Кевин и Алексис Мек Алистер

Браќата Кевин и Алексис Мек Алистер оваа фудбалска сезона ќе ја паметат засекогаш.

Која година за аргентинското семејство Мек Алистер!

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Репрезентативецот Алексис, кој е една година помлад, ја освои титулата на Премиер лигата со славниот Ливерпул, додека 27-годишниот Кевин минатиот викенд го гарантираше шампионскиот пехар во Белгија со тимот на Унион Сен Жилоаз. Ова е прва титула за клубот од Брисел по точно 90 години.

Нивниот најстар брат, 29-годишниот Френсис, кој игра за аргентинскиот клуб Институт од Кордоба, им честиташе на браќата преку социјалните медиуми бидејќи и двајцата оваа важна победа ја славеа на 25 мај, Денот на Мајската револуција во Аргентина.

„Felicitaciones hermanos! En el dia de la patria, haciendo patria.“ (Честитки браќа! На денот на државноста, во служба на татковината“, напиша Френсис Мек Алистер.

Мек Алистер се една од најфудбалските семејства во Аргентина. Нивниот татко Карлос „Коло“ Мек Алистер и чичко Патрисио исто така биле професионални фудбалери. Таткото, кој беше поранешен аргентински репрезентативец, играл заедно со легендарниот Диего Марадона.

Семејството Мек Алистер потекнува од Шкотска и Ирска. Во едно интервју за англиските медиуми, фудбалерот на Ливерпул потврди дека дел од неговите предци пристигнале во Аргентина од Динбат, малото крајбрежно градче во Ирска, но исто така потврдува и врските со Шкотска и населеното место Фајф на исток од оваа британска земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…