Дома Фудбал Браќата Морис ги предизвикаа браќата Јокиќ на борба во ринг (Видео)

Браќата Морис ги предизвикаа браќата Јокиќ на борба во ринг (Видео)

Секогаш кога Никола Јокиќ ќе се сретне со некој од браќата близнаци Морис, било Маркус или Маркиф, во американската јавност настанува врева.

Антагонизмот меѓу семејствата Јокиќ и Морис трае веќе четири години, откако Никола се судирна со Маркиф во натпревар против Мајами Хит.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тогаш Маркус после натпреварот застана во одбрана на братот и му се закани на Србинот на социјалните мрежи, а браќата на Никола, Страхиња и Немања, направија профил за да му одговорат на Морис.

„Маркус, требаше да го оставиш тоа како што е, наместо јавно да му се закануваш на нашиот брат. Твојот брат прв почна да игра валкано. Ако сакаш да одиш подалеку, бидете сигурни дека ќе те чекаме. Браќата Јокиќ”.

Од тогаш настапуваат тензии секој пат кога се сретнуваат Нагетси со тимовите за кои играат браќата Морис, кои сега дојдоа на нова идеја.

Во едно гостување на подкаст, Маркиф и Маркус ги предизвикаа браќата Јокиќ да влезат во ринг и таму да се пресметаат.

„Колку се поголеми, толку посилно паѓаат. Но ние сме исто големи. Па, јас сум поголем од нив”, изјави Маркиф, а Маркус се согласи и заедно изјавија дека ги предизвикуваат Страхиња и Немања на боксерски меч.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Имаa единаесет порази по ред и само два бода во лигата. Јунајтед не успеа да ги победи

Во 19. коло од Премиер лигата, Манчестер Јунајтед заврши нерешено 1:1 против Вулверхемптон…