
Голем број на клубови покажуваат интерес за младиот фудбалер на Реал Мадрид, 18-годишниот Жоан Мартинез.
Овој дефанзивец се смета за еден од најталентираните од фудбалската академија на Реал, вистинско богатство за Кастиља, а планот е да биде воведен во првиот тим уште оваа сезона.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сепак, силната конкуренција може да го одведе, како што се случуваше и со други талентирани играчи во минатото, подалеку од „Бернабеу“.
Во моментот, тој не се наоѓа ни во протоколот на првиот тим, а досега има играно на 11 натпревари под водство на Арбелоа во Кастиља, додека го очекува повикот од Чаби Алонсо.
Додека го чека тоа, од Борусија Дортмунд му понудија шанса веднаш, со подготвен сериозен трансфер. Откупната клаузула за овој фубалер изнесува 70 милиони евра, а неговиот договор со Реал трае до 2029 година. Реал ја има последната одлука, но планот е да биде интегриран во првиот тим кога Алаба и Ридигер ќе ја напуштат екипата, што се очекува летото 2026 година.
Борусија e упорна, а можеби повторно ќе видиме договор според кој Реал Мадрид има право да го врати фудбалерот во иднина.