Астон Мартин сака да го доведе Макс Верстапен (27) и планира да му понуди договор вреден милијарда фунти (1.18 милијарди евра), пишува Дејли Мејл. Астон Мартин сака да го привлече четирикратниот шампион во Формула 1 и со него да ја освои титулата. Британскиот медиум наведува дека тоа би бил “еден од најголемите договори во историјата на спортот”.
Џеферсон Слак, близок помошник на канадскиот сопственик на Астон Мартин, милијардерот Лоренс Строл, наводно им рекол на потенцијалните инвеститори дека Верстапен ќе се приклучи на тимот. Холанѓанецот би добил бонус при потпишувањето на петгодишниот договор и, се претпоставува удел во вредноста на Астон Мартин.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сепак, Верстапен неодамна изјави дека би било идеално кога би ја завршил кариерата во Ред Бул, со кој има договор до 2029 година и каде што ги постигна сите успеси. Моментално, тој заработува речиси 60 милиони евра годишно, додека Астон Мартин наводно му нуди повеќе од 200 милиони евра.