Дома Фудбал „Бомба“ во Белград: Партизан доведува фудбалер на Милан!

„Бомба“ во Белград: Партизан доведува фудбалер на Милан!

Во Србија трансфер пазарот сè уште е во замав, а низ следните денови се очекува дека Партизан ќе добие млад играч од Милан, непосредно пред дербито со Црвена звезда.

Според информациите од Sportal.rs, Партизан е блиску до договор со еден од најперспективните таленти од академијата на Милан – 20-годишниот Чака Траоре. Тој игра на крилната позиција и го освои Суперкупот на Италија со развојниот тим на славниот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Траоре ја започнал својата кариера во Парма, а играше и за Палермо. Минатата сезона имаше проблеми со повреди, а оваа беше на чекор до позајмица во Турција. Сега Партизан се вклучи во битката за неговиот потпис и, наводно, младиот напаѓач веќе ги известил Милан и неговите агенти дека сака да оди само во Партизан.

Она што е клучно за Партизан е како ќе го решат прашањето околу неговата плата од 30.000 евра. Останува да видиме како ова ќе се разреши на Хумска.

Младиот талент од Брегот на Слонова Коска веќе одигра два натпревари за првиот тим на Росонерите и дури постигна гол во сезоната 2023/24 против Емполи. Пред две сезони дебитираше за Росонерите во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…