Дома Фудбал „Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

„Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид!

Оваа вест ја пренесоа бројни мадридски медиуми, предводени од Релево, кој тврди дека само чудо може да го спаси Анчелоти, а тоа е да освои или Лигата на шампионите или Ла Лига.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Такво сценарио во овој момент е прилично тешко, затоа што Арсенал славеше со 3:0, а Барселона му бега на Реал четири бода и го дочекува на 11. мај.

Релево пишува дека Флорентино Перез веќе започнал нова офанзива за потпис – Чаби Алонсо!

Шпанецот и летово беше прва желба на претседателот на Реал Мадрид, но тогаш реши да остане уште една сезона во Бајер Леверкузен.

Сега ситуацијата е различна, се знае дека му е сон клупата на Реал Мадрид и тешко дека ќе може повторно да каже “НЕ” на Флорентино Перез.

Да потсетиме, Реал Мадрид сè уште може да го освои и Купот на кралот, во финалето се среќава со Барселона, на 26. април, но Перез не е задоволен со само еден, и тоа најмалку важен трофеј сезонава.

Инаку, Анчелоти во неговиот втор мандат освои две Лиги на шампионите, 2022 и 2024 година, покрај тоа и два трофеи во Ла Лига, Купот на кралот, СП за клубови и Суперкупот на Европа и Шпанија.

Но, отсекогаш се знаеше дека кај Флорентино Перез вредиш колку и последниот успех…

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова хит ситуација: Фудбалер како награда за најдобар на натпреварот доби – печено прасе! (Видео)

Норвешката лига и клубот Брин повторно се во центарот на вниманието. На почетокот на шампи…