Дома Фудбал „Бомба“: Еден од најмоќните луѓе во светот сака да го купи Ливерпул!

„Бомба“: Еден од најмоќните луѓе во светот сака да го купи Ливерпул!

Еден од најмоќните луѓе денес Илион Маск е подготвен да инвестира дел од своите пари во Ливерпул, потврди неговиот татко во разговор за британското “Тајмс радио”, изразувајќи стравување дека мнозинските сопственици на клубот од “Енфилд” ќе ги зголемат цените на акциите.

Мнозинскиот сопственик на Ливерпул моментално е компанијата “Фенвекс Спортс Груп”, која е на чело на клубот уште од октомври 2010 година, но во последно време се почести се гласини дека сопственикот на популарната социјална мрежа “X” би можел да пристигне на “Енфилд”.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Таткото на Маск потврди дека Илон сака да го купи Ливерпул, но дека процесот на влез во лидерот на Премиер лигата нема да биде воопшто лесен.

“Не можам да го коментирам тоа. Тие веднаш ќе ја зголемат цената! Илон има желба да влезе во Ливерпул, но прашање е дали тоа ќе го реализира. Тој би сакал, исто како и секој на неговото место. Неговата баба е родена во Ливерпул, имаме роднини овде и имавме среќа да ги запознаеме членовите на Битлс, бидејќи пораснале со луѓе од нашето семејство”, истакна таткото на Маск.

Вредноста на Ливерпул се проценува на 4,3 милијарди фунти, а Маск вреди 80 пати повеќе од големиот англиски фудбалски клуб, па ќе има силни аргументи доколку навистина сака да влезе на “Енфилд”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид донесе одлука за Лука Модриќ

Реал Мадрид на крајот на сезоната може да остане без еден од своите најважни играчи –…