Дома Фудбал Блатер и Платини ослободени од обвиненија за корупција

Блатер и Платини ослободени од обвиненија за корупција

Поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер (88) и великанот од францускиот и светскиот фудбал, поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини (69), се ослободени од обвиненијата за корупција, соопшти швајцарскиот суд во Мутенц, во близина на Базел. Речиси три години по првостепената ослободителна пресуда, Блатер и Платини повторно завршија на суд во жалбена постапка. Овој пат исто така беа прогласени за невини.

Вонредното жалбено веќе од кривичниот суд во Мутенц утврди дека двојката не е виновна за измама во случајот на исплата од два милиони швајцарски франци на Платини во 2011 година.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


“Десетгодишниот прогон од страна на ФИФА и некои швајцарски обвинители сега е завршен. Сега сè е потполно завршено. Ми се врати честа и многу сум среќен”, изјави Платини.

Тој додаде дека верува дека со овој случај сакале да го елиминираат од трката за претседател на ФИФА

“Примив 10.000 пораки на поддршка, но сега сум премногу стар за повторно да се занимавам со фудбал”, порача тој.

Блатер и Платини првпат беа ослободени во 2022 година на помал швајцарски суд, по седумгодишна истрага за исплата од два милиони швајцарски франци (2,1 милион евра) на Платини. Швајцарското обвинителство поднесе жалба на пресудата, што доведе до ново сослушување пред Вонредното жалбено веќе од Кривичниот суд во Мутенц.

Тие беа обвинети за измама, “неверно управување”, “злоупотреба на доверба” и “фалсификување на документи”. Обвинителите тврдеа дека исплатата на Платини била “неоснована” и дека Блатер и Платини “вешто го измамиле” внатрешниот контролен систем на FIFA со лажни изјави.

Случајот ги потресе светскиот фудбал и доведе до нивното суспендирање. По нивното заминување, ФИФА во февруари 2016 година ја презеде Џани Инфантино, додека Александер Чеферин во септември истата година стана првиот човек на УЕФА.

На денешната пресуда сѐ уште е возможно да се поднесе жалба до Федералниот суд на Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонскиот ракомет доби нов клуб!

Maкедонскиот ракомет доби нов клуб и тоа ЖРК Атлетик, кој има за цел да игра водечка улога…