Дома Фудбал Бивш играч на Јувентус ја заврши кариерата: Мораше повторно да учам да се движам и да зборувам

Бивш играч на Јувентус ја заврши кариерата: Мораше повторно да учам да се движам и да зборувам

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Симоне Мураторе (26), објави дека ја завршува својата фудбалска кариера откако се излекува од ретка форма на тумор на мозок, која му беше дијагностицирана пред три години. Италијанскиот играч од средината помина низ фудбалската школа на Јувентус и стигна и до првата екипа.

Дебитираше во 2019 година во Лигата на шампионите, а во Серија А за прв пат играше во 2020 година. Потоа премина во Аталанта, па португалската Тондела. Но, поради тешката болест, не можеше да продолжи да се занимава со фудбал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Зад мене се денови, месеци и години на страдање. Мораше повторно да учам да зборувам, да одам, да трчам, да пишувам и да читам. Како да сум се родил одново. Некогаш ми е тешко да станам од кревет. Се трудев да се вратам и да продолжам со фудбалската кариера, но не сум ист како порано. Затоа денес ќе ја завршам.

Среќен сум што играв со фантастични играчи и многу од соиграчите ми станаа пријатели. Се гордеам со тоа што постигнав. Благодарам на моите родители, пријатели и семејството. Најмногу научив колку ти е нешто важно кога си блиску до губење. Животот е прекрасен дар”, напиша Мураторе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер немаше милост, му даде шест гола на Лацио

Интер буквално го прегази Лацио со 6:0 и му го нанесе најголемиот пораз на „Олмпико“ во ис…