Дома Фудбал Бивш фудбалер на Ливерпул уапсен поради физички напад

Бивш фудбалер на Ливерпул уапсен поради физички напад

Поранешниот играч на Ливерпул и младинскиот репрезентативец на Англија Џордон Ајб (30) беше уапсен минатиот месец по слетувањето на аеродромот Лутон. Ајб, кој денес игра во Бугарија за Локомотив Софија, беше испрашуван поради наводен напад што се случил средината на декември минатата година.

Триесетгодишниот фудбалер беше пуштен со кауција и пред прекршочниот суд во Кројдон треба да се појави на 6 март. Во Обединетото Кралство се вратил од Бугарија за да присуствува на рочиштето во друг, одвоен случај. Неговото апсење го потврди и полицијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Џордон Ајб е обвинет за напад со нанесување телесни повреди. Обвинението се однесува на нападот кој наводно се случил во недела, на 14 декември 2025 година,” изјави портпаролот на полицијата. „Беше уапсен на аеродромот Лутон во петок, на 30 јануари, и приведен.” Дејли Мејл Спорт ги контактираше претставниците на Ајб за коментар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Азар: Повеќе сум таксист отколку фудбалер, тоа е во ред

Еден Азар живее пензионерски денови во Мадрид. Поминаа речиси три години откако ја заврши …