Бенџамин Менди (30) потпиша за Цирих како слободен играч откако левиот бек го прекина договорот со Лориент.
Сега играчот на осмопласираната екипа од швајцарското првенство пред четири години имаше сѐ. Беше светски шампион со Франција и ѕвезда на Манчестер Сити, кој во најбогатиот клуб на светот заработуваше 500 илјади фунти неделно. Но потоа англиската полиција го приведе под обвиненија за тешки кривични дела. Го обвинуваа за шест силувања и еден обид за силување.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Менди беше испратен во притвор, а клубот го отфрли. Тоа го направија и поголемиот дел од неговите соиграчи, додека во јавноста наиде на остри осуди. Менди цело време повторуваше дека е невин, но малкумина му веруваа. Сепак, пред година и пол беше ослободен од обвиненијата и се врати на фудбалот. Договорот му истече со Сити, па замина во францускиот Лориент, но ни таму не го сакаа. Навивачите го нарекоа силувач веднаш по доаѓањето и бараа од клубот да го избрка.
Менди го одигра последниот натпревар за клубот кој испадна во втората француска лига летово. Додека чекаше ангажман, тренираше сам. Есенва даде интервју за Телеграф во кое истакна дека го боли што Манчестер Сити експресно го отфрли и не веруваше во неговата невиност уште кога беше уапсен. Клубот веднаш по апсењето го суспендираше до крајот на договорот и од тогаш не го плаќаше.