Дома Фудбал Бенфика неочекувано киксна, па Мурињо почна да ги брка судиите (Видео)

Бенфика неочекувано киксна, па Мурињо почна да ги брка судиите (Видео)

Фудбалерите на Бенфика имаа лоша недела, бидејќи по поразот од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, испуштија два гола предност против Каса Пиа, завршувајќи само со 2:2 на натпреварот кој ќе остане запаметен по жестокиот напад на домашниот тренер Жозе Мурињо врз судиската тројка.

Кога Вангелис Павлидис во 60. минута од пенал ја дуплира предноста на “орлите” против еден од послабите тимови во лигата, изгледаше дека тимот на Мурињо рутински ќе го приведе мечот кон крајот во последните триесетина минути, но се покажаа слабостите во играта кои сè повеќе се исполуваа во тимовите под водство на овој трофејен стручњак.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Особено спорен беше вториот гол на гостинскиот тим, постигнат во дополнителното време, што придонесе Мурињо веднаш по последниот судиски свиреж да влета на теренот да се пресмета со арбитрите, а тука се најде и техничкиот директор на Бенфика Марио Бранко.

Бесот на Мурињо се почувствува и на конференцијата за медиуми по натпреварот, истакнувајќи дека пеналот досуден за Каса Пиа не се свири никаде во светот.

„Љубезен сум кога велам дека тоа е само грешка. Сериозен пропуст и од ВАР собата. Постои и наша вина што порано не го решивме натпреварот. Ние го затворивме на 2:0, но потоа судиите и ВАР го отворија“, сликовито изјави Мурињо по завршувањето на средбата.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додека цела земја славеше, после полноќ пристигна најлошата вест за Един Џеко

Додека цела Босна и Херцеговина се радува на една од најзначајните победи во нејзината фуд…