Дома Фудбал Белингем: Имавме среќа што примивме само три гола

Белингем: Имавме среќа што примивме само три гола

ФУДБАЛЕРИТЕ на Арсенал со одлична игра на Емирејтс го совладаа Реал Мадрид со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

По првото полувреме без голови, избраниците на Микел Артета постигнаа три гола во второто полувреме, а посебно се истакна Деклан Рајс, кој постигна два гола од директни слободни удари.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Конечниот резултат го постави Микел Мерино.

„Имавме среќа што примивме само три“

По натпреварот посебно се издвои Џуд Белингем со своите критички коментари. Англискиот играч од средниот ред призна дека Арсенал бил подобриот тим и изјави дека Реал може да биде среќен што примил само три гола:

„Имавме среќа што примивме само три. Сепак, ако некаков тим може да се врати по ова, тоа е Реал. Сега ни треба совршена, магична вечер во Мадрид.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…