Дома Фудбал Бекер е понизок за осум сантиметри по излегувањето од затвор: Ја платив цената

Бекер е понизок за осум сантиметри по излегувањето од затвор: Ја платив цената

Познатиот германски тенисер Борис Бекер откри дека изгубил дури осум сантиметри во висина, што, како што вели, е очекувано.

Имено, тој откри дека имал операција на колк, колено и зглоб поради што се намалил за осум сантиметри, што е сосема очекувано.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


“Бев висок 1.93 метри, сега имам 1.85 поради операцијата на колкот, коленото и зглобот. Многу ослабев по операцијата, а ми кажуваат дека е нормално да изгубите во висина. Изгубив осум сантиметри и платив скапа цена”, откри германскиот тенисер.

Да додадеме дека од декември 2022 година Бекер е слободен човек откако изслужи осум месеци затвор поради прикривање на имот и кредити кои беше должен да ги открие.

Потоа учествуваше во шоуто “Celebrity Bear Hunt” кое го води познатиот Бер Грилс а се одвива во дивината на Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…