Еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам, откри детали од разговорот со аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси, кој се однесувал на неговите идни планови по завршувањето на играчката кариера. Бекам призна дека останал разочаран од одговорот што го добил.
Како што објаснува некогашниот англиски репрезентативец, Меси му доверил дека по завршувањето на професионалната кариера, не планира да остане да живее во Мајами, туку сака да се врати во Европа, поблиску до своето омилено место.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ↓↓↓
„Би било прекрасно Меси да остане во Мајами и како пензиониран фудбалер, но тој ми рече дека неговото срце го влече кон Барселона. Нема играч кој ја сака Барселона повеќе од него. Тоа се гледа и во ситниците – од логото на клубот кое го има истетовирано, до тоа што дури и на неговото шишенце за вода стои симболот на Барса“, изјави Бекам.