
Гарет Бејл откри дека понудата од Манчестер Јунајтед беше подобра финансиски, но неговата желба беше да игра за Реал Мадрид. Поранешниот велшки репрезентативец премина на “Сантијаго Бернабеу” од Тотенхем во 2013 година за околу 100 милиони евра. Истото лето “црвените ѓаволи” се обидуваа да го ангажираат.
“Разговарав со Дејвид Мојс, но срцето ме влечеше кон Мадрид. Со Даниел Леви имав нешто како џентлменски договор. Освен тоа тој не сакаше да ме продаде на конкурент. Не сакаме да го засилиме другиот тим. Ако ме побара тим од странство, можев да заминам ако не се квалификуваме за Лигата на шампионите, што и се случи. И покрај овој договор, тој прилично го отежна трансферот. Мислам дека донесов правилна одлука. Не ги избрав парите од Јунајтед. Тие нудеа повеќе”, сподели Бејл во подкастот “Stick to Football”.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Со Реал Гарет освои пет пати Лига на шампионите и три пати шампионската титула во Шпанија. Меѓу него и поранешниот клуб Тотенхем останува силна врска. Тој го коментираше состојбата на лондонците: “Веројатно не плаќаат доволно, нивниот буџет за плати е понизок. Можеш да привлекуваш добри играчи, но сега треба да даваш 80, 90, 100 милиони за квалитетен фудбалер. Тие речиси секогаш купуваат млади играчи со надеж дека ќе се развијат”.