Дома Останати Кошарка Батлер по новата суспензија сè поблиску до заминување од Мајами

Батлер по новата суспензија сè поблиску до заминување од Мајами

Раководството на Мајами денеска го суспендираше кошаркарот Џими Батлер на две натпревари, откако тој не отпатува со тимот во Милвоки за натпреварот од Американската професионална кошаркарска лига (НБА).

Ова е втора суспензија на Батлер во последните три недели, откако пропушти седум натпревари поради „штетно однесување за тимот“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Батлер не се качил во авион за Милвоки, а неговиот клуб соопшти дека е суспендиран поради „континуиран однос на непочитување на правилата на тимот, непослушно однесување и однесување штетно за тимот“. Мајами ќе игра против Милвоки вечерва, а в сабота навечер против Бруклин.

Батлер неодамна го информираше раководството на клубот дека сака трејд, но тоа не го кажа јавно бидејќи би го прекршил правилото на лигата и би можел да биде парично казнет со до 150.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво забивање не се гледа често: Гордон со поен го засени потегот на Јокиќ (Видео)

Арон Гордон ќе остане запаметен како еден од момците на кои закуцувањето им беше омилен де…