Дома Фудбал Барселона со шокантно барање до Левандовски пред неколку години

Барселона со шокантно барање до Левандовски пред неколку години

Излезената во Полска биографија за Роберт Левандовски – „Левандовски: Вистинскиот“, напишана од Себастиан Сташевски, предизвикува сериозен одѕив. Самиот фудбалер призна на последната своја прес-конференција дека ја чита книгата и се забавува.

Една од најшокантните информации во неа е поврзана со наводно барање од Барселона кон напаѓачот да престане да постигнува голове во последните кола на Ла Лига во сезоната 2022/23. Причината била да се избегне плаќањето на бонус од 2,5 милиони евра на Бајерн Минхен, како дел од договорот, ако надмине 25 гола. Во случајот, клубот се повикал на економските свои тешкотии.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Се работи за период во кој Каталонците, под водство на Чави Енрикес, веќе ја имаа обезбедено титулата во првенството, а напаѓачот блескаше со своите настапи.

По една тренинг-сесија, Лева бил поканет во канцеларија на разговор со неколку директори, меѓу кои се претпоставува дека бил и претседателот Жоан Лапорта. Според Сташевски, еден од раководителите му упатил предлог што го оставил во недоумение: „Роберт, сакаме да престанеш да постигнуваш голови во последните натпревари“. Фудбалерот го погледнал во изненадување.

„Иако титулата веќе била решена, како и кој ќе го освои призот за најдобар стрелец во Ла Лига (Левандовски има добра предност пред Карим Бензема – заб.ред.), за повеќе од деценија на највисоко ниво никој во целата негова кариера не го барал да престане да постигнува голови“, се објаснува во книгата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриени имињата на петмината фудбалери кои му свртеа грб на Чаби Алонсо

Каталонските дневни весници Мундо Депортиво пишуваат дека Чаби Алонсо повеќе нема поддршка…