Откако летово одби да премине во Барселона, во текот на оваа сезона за неговиот потпис започнаа да се интересираат многу клубови. Се знае дека го следеле Арсенал и Ливерпул, но сè остана на ниво на набљудување, без конкретни потези.
Сега во игра е Баерн Минхен, кој го означи Нико Вилијамс како многу важна мета за наредната сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лерој Сане уште не потпишал нов договор, актуелниот му истекува на лето, додека Серж Гнабри во јули влегува во последната година и не е исклучено да биде продаден во случај на вистинска понуда.
Тоа отвора простор Баерн да започне трка за потпис на ново крило, а тоа би можел да биде Нико Вилијамс.
Неговата откупна клаузула сè уште е само 60 милиони евра, што за Баерн нема да претставува проблем.
Барселона е сè уште во игра, наводно е и најголема желба на Нико Вилијамс, но Баерн му нуди повеќе пари. Истовремено, Каталонците треба да ги решат и финансиските проблеми и да овозможат простор за неговото доаѓање.
Шпанските извори тврдат дека ова е последната година на Нико Вилијамс во Билбао и дека е само прашање дали летото ќе премине во Баерн, Барселона или можеби Арсенал.
Во моментов, Баерн е најмногу заинтересиран…