
Барселона и Елче постигнале целосен договор во врска со голманот на каталонците Ињаки Пенја, објавуваат медиумите во Шпанија. Голманот на 26-годишна возраст ќе замине на позајмица во тимот кој доби промоција во Ла Лига до крајот на сезоната.
Планот на Барселона е пред тоа, Пенја да потпише нов договор со клубот за уште 3 години, по што веднаш ќе биде позајмен. И самиот фудбалер е согласен со трансферот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Голманот не може да се наметне во конкуренција на Жоан Гарсија и Војчех Шчесни, па за него ќе биде подобро да добие повеќе играчки минути.
Истовремено, позајмицата на Пенја ќе го олесни регистрирањето токму на искусниот полски голман. Барселона сака да се ослободи и од Ориол Ромеу и Ектор Форт, за да може да го искористи и новиот член Рујни Барџи, како и Жерард Мартин.