Дома Фудбал Барселона по „корпата“ од Вилијамс тргнува по потпис на ѕвезда на Ливерпул

Барселона по „корпата“ од Вилијамс тргнува по потпис на ѕвезда на Ливерпул

Официјално потврдено е дека Нико Вилијамс останува во Атлетик, па Барселона се сврте кон барање нови решенија за позицијата лево крило. Вилијамс беше голема желба на клубот уште од летниот преоден рок минатата година, се пишуваше дека ќе дојде во Барселона, но тоа не се случи на крајот.

Вилијамс потпиша договор кој трае до 2035 година, а клубот напомена дека откупната клаузула е зголемена “за повеќе од 50 %”. Досега изнесуваше 60 милиони евра, што значи дека 22-годишникот е недостапен за клубовите кои не се подготвени да ја активираат клаузулата од договорот која изнесува најмалку 90 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега Барселона повторно се врти кон Луис Дијаз, колумбискиот репрезентативец и фудбалер на англискиот шампион Ливерпул. Неговата вредност според Трансфермаркт е 70 милиони евра, а договорно е врзан за клубот до летото 2027 година.

Дијаз пристигна во Ливерпул од Порто во 2022 година со трансфер вреден 45 милиони евра фиксно, со можни дополнителни 15 милиони евра во бонуси. Тој одигра 149 натпревари за тимот од Енфилд, постигна 41 гол и асистираше за 23. За него е заинтересиран Баерн, но Ливерпул не сака да го продаде.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…