Раководството на Барселона ќе ја продолжи политиката на долгорочно врзување на водечките играчи со клубот. Откако во рамките на осум дена Жерард Мартин, Роналд Араухо, Педри и Гави потпишаа нови договори, сега таков ќе биде понуден и на Рафиња. Сегашниот договор на бразилецот, кој има исклучителна сезона и веќе има 24 гола и 15 асистенции во 35 натпревари, истекува во 2027 година. Клубот сепак, сака да го продолжи договорот за две дополнителни години. Покрај тоа, од 2026 година Рафинја ќе добие и зголемување на платата.
Во моментот, бразилецот има 28 години и ако навистина препотпише до 2029 година, ќе има 32 години на крајот од ова спогодба.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Неколку последователни лета се зборуваше дека клубот е подготвен да го продаде Рафинја, но по неговите следби во оваа сезона, ситуацијата за него генерално се промени.