
По две години, Барселона конечно ќе може да игра домашни натпревари на својот стадион Камп Ноу, иако со редуциран капацитет.
Реновирањето на стадионот започна по завршувањето на сезоната 2022/23. Работите се одолжија и за тоа време Барселона ги играше домашните натпревари на Олимпискиот стадион. Иако владееше неизвесност пред почетокот на оваа сезона, стигна добра вест.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Очигледно е дека работите не се завршени, но клубот и градските власти постигнаа договор со кој шампионот на Шпанија може да се врати на својот стадион. Меѓутоа, капацитетот значително ќе биде редуциран од претходно најавениот. Во оваа почетна фаза, додека стадионот не ја помине преостанатата инспекција и не ги добие сите потребни дозволи, капацитетот ќе биде само 27.000 места. Првично беше најавено 62.000.
Сé уште не се знае кога точно ќе се случи, а фудбалерите на Барселона треба да го имаат својот прв натпревар на култниот стадион веќе сабота, кога е закажан натпреварот за трофејот Жоан Гаспар против Кома. Во првенството, Барселона ќе биде домаќин првпат во четвртото коло, на 14 септември против Валенсија.
Фото: Grok AI