Дома Фудбал Барселона има голем план: Може да доведе две ѕвезди за 200 милиони евра!

Барселона има голем план: Може да доведе две ѕвезди за 200 милиони евра!

Барселона ова лето беше релативно мирна на трансфер пазарот кога станува збор за засилувања, но според шпанските извори, Жоан Лапорта планира вистинско шоу за следната година.

Каталонците сè уште се соочуваат со предизвици во однос на финансискиот фер-плеј, што значи дека не можат така лесно да ги регистрираат новите играчи. Често им е потребно да продадат некои од основните играчи за да создадат простор за нови таленти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исто како и летово, поради тие ограничувања, Барса успеа да донесе само три нови засилувања — Жоан Гарсија, Маркус Рашфорд и Руни Барджи.

Сепак, дури и со нив, клубот се соочи со потешкотии во процесот на регистрација, што значеше дека пак мораше да се откаже од некои играчи или да ги позајмува за да добие простор за новопристигнатите таленти.

Но, шпанските медиуми известуваат дека Лапорта свесно го зачувал буџетот, стремејќи се да го реши финансискиот фер-плеј до крајот на годината. Ова би овозможило Барселона да направи значителни трансфери следната година, а се знаат и имињата што ги преферираат.

Весникот Каталонски Спорт објави дека Лапорта веќе обезбедил 200 милиони евра за две истакнати засилувања. Неговата цел е со тоа да се врати на правило 1:1 за финансиски фер-плеј и да ги регистрира играчите веднаш по нивното доаѓање.

Барселона идното лето ќе се обиде со сите сили да ги добие услугите на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Алесандро Бастони од Интер.

Алварез е една од долгогодишните желби на Лапорта, и аргентинскиот напаѓач го гледаат како совршен заменик за Роберт Левандовски, кој речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона.

Покрај тоа, Бастони би донел значителна сила во одбраната и неговото доаѓање би значело многу, имајќи предвид дека може да игра како централeн и лев бек.

Според предвидувањата, трансферот на Алварез би изнесувал околу 120 милиони евра, додека планираат дека со 80 милиони би го обезбедиле Бастони од Интер.

Бастони се истакнува со својата лева нога, што Ханси Флик би го поздравил, бидејќи по заминувањето на Иниго Мартинес, тие немаат играч со слични карактеристики.

И Алварез и Бастони се во своите најдобри години и нивното ангажирање би било извонредно вложување за Барселона во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси заминува од кормилото, а човекот кој доаѓа нема да ги воодушеви Србите

Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја напушти позицијата на селектор на Србија. Наводно, н…